
Во 70-тата година од животот вчера во Велес почина Ристо Темелков, поранешен фудбалски судија и истакнат фудбалски работник. Темелков е роден во 1950 година.
По завршувањето на фудбалската кариера, Темелков станува судија. Во својата судиска кариера брзо напредува, па пет години е сојузен судија во втората југословенска лига, а три години, до распадот на поранешна Југославија, суди и во најелитното натпреварување во бившата држава.
По осамостојувањето на Македонија, Темелков станува секеретар на ФК Борец, функција која што долги години со успех ја извршуваше. Една од последните фудбалски функции кои Ристо Темелков до минатата година ја извршуваше, беше контролор на судиите во Првата македонска фудбалска лига.
Ристо Темелков ќе биде погребан денеска во Велес.

Можеби ќе ве интересира: