Се дезинфицираат селата околу Велес. Тимови на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ денеска ги дезинфицираше улиците на Горно Оризари, Башино село, Бузалково, Раштани и Отовица, а во текот на денот дезинфекција ќе има и во селата Иванковци, Мамутчево и Чалошево.
Дезинфекцијата се прави како превенција од ширењето на заразниот коронавирус.
„Поради рачистување на наноси, во населеното место Сујаклари, ангажирана е и дополнителна механизација“, велат од општина Велес.
Денес заврши првото дезинфицирање на парковските површини и детските игралишта, во паркот во Гимназијата „Кочо Рацин” и во паркот и зелените површини во Комплекс „УЗУС”.
Вчера се дезинфицираа улиците во повисоките зони на градот. По дезинфицирањето на улиците „Белградска”, „Васил Главинов”, „Киро Ќучук”, „Осма велешка бригада” и „Костурска”, активностите за дезинфицирање денес продолжуваат на улиците „Живко Фирфов”, „Славко Ѓоргиев Сватот”, „Луј Пастер” и „Индустриска”.
Исто така, Општина Велес ја дезинфицира и урбаната опрема на јавните површини, информираат оттаму.