Почна исплатата на пензиите

oznorCO

Од денеска почнува исплатата на пензиите. Пензионерите ќе земаат повисоки пензии за 5,3 отсто согласно методологијата за раст на пензиите. Од ова зголемување најмногу ќе искористат корисниците на највисоки пензии што според пресметките би изнесувало околу 3.700 денари, а пензионерите со ниски примања на своите сметки ќе добијат само 700 денари плус.

Zito akcija 640x289px

Изминатиот период голем број пензионери излегуваа на протести со барање за линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари со цел да им се помогне во услови на голема економска криза и висока инфлација. Порачаа дека ќе продолжат со протестите се до исполнување на нивното барање.

Agria

Можеби ќе ве интересира: