Почнаа со работа локалната библиотека и музејот

bibliotekata-i-muzejo

Локалната библиотека „Гоце Делчев” и Народниот музеј од Велес од вчера повторно ги отворија вратите за корисниците и посетителите, откако Владата, донесе одлука за отпочнување со нивна работа со задолжително почитување на пропишаните протоколи.

Zito akcija 640x289px

Според протоколот за работа на библиотеките, читалните нема да работат сè до добивање на новите упатства. Вратените книги посебно ќе се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за издавање. Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок на враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници. На корисниците нема да им биде овозможено слободно пребарување на библиотечниот фонд. Работа со корисниците опфака враќање и позајмување на книги, обновување на членството и запишување на нови корисници.

Agria

Функционирањето на музејот, како што е наведено во протоколот за работа на музеите, дозволува на 100 мповршина, посета до 15 посетители, а во спомен куќите на велешките великани, во зависност од квадратурата, истовремено може да биде дозволен влез на пет до шест посетители по група, по што останатите групи би ротирале.

Работното време на библиотеката и музејот ќе се одвива во една смена од 08 до 16 часот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8020/foto-eve-kako-ke-izgleda-potporniot-zid-na-kuzhniot-tek-kaj-kosturnicza/