Почнува летото, за многумина омилено годишно време

odmor

Денес календарски започнува летото, а денот кога има летната долгоденица, најдолгиот ден во годината. Летото почнува денес во 16 часот и 57 минути, а ќе трае до 23 септември.  Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Почетокот на летото е кога Сонцето ќе ја достигне највисоката точка, а првиот ден од летото е често ден со најмногу сончева светлина бидејќи сончевите зраци ја погодуваат земјата под директен агол.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Кај нас, денес, сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути. Во исто време на  Јужната хемисфера почнува зимата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39134/izmenet-soobrakaen-rezhim-na-delniczata-demir-kapija-negotino-poradi-gradezhni-aktivnosti/