Денеска почнува новата учебна година, што ќе трае до 17 наместо до 10 јуни, потврди министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.
Покрај зимскиот, основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај 2024.
Оваа практика, како што рече Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која, според наставниците и стручните служби, ќе донесе подобри резултати во учењето.
Во изминатиот период, како што рече министерот, интензивно се подготвувале со училиштата и локалната самоуправа за успешен почеток на учебната година.
Можеби ќе ве интересира: