Почнува судењето на Ангелче Николов, возачот кој ја усмрти 11-годишната Магдалена

Почнува судењето на Ангелче Николов, кој со својот автомобил во декември лани ја усмрти 11-годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка. 30-годишниот велешанец на обвинителна клупа во Основниот суд во Велес ќе седне во среда, на 15 март, а рочиштето е закажано во 12:30 часот. Овој предмет ќе го суди судијката Габриела Гајдова.

Zito akcija 640x289px

Николов е обвинет за две кривични дела: „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. За првото дело е предвидена затворска казна од најмалку четири години, а за второто казната е од парична, до најмногу една година затвор.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Несреќата се случи на 17 декември, кога Николов, возејќи со голема брзина и пијан, на улицата „Борис Трајковски“ во близина на велешкото училиште „Васил Главинов“, на која е ограничено движењето на 30 километри на час, на пешачки премин удри во мајката и ќерката, а нивниот татко и сопруг за влакно го избегнал ударот. Малата Магдалена од местото на ударот била отфрлена дваесеттина метри и веднаш починала. Нејзината мајка, која на пешачкиот премин била еден чекор понапред, тешко беше повредена.

По несреќата, Николов избега и два дена се криеше, по што сам се предаде во полиција. Истражните органи го идентификуваа уште вечерта, откако на местото на несреќата беше пронајдена регистсрската табличка на неговиот мерцедес.

Интересно е тоа што извори од полицијата тогаш тврдеа дека Ангелче Николов не бил сам во автомобилот и дека со него биле уште тројца. Но, во соопштението кое велешкото обвинителство го објави пред еден месец, такво нешто не се споменува.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: