По тринеделен зимски распуст, денеска за учениците од основните и средните училишта почнува второто полугодие од оваа учебна година.
По повод почетокот на второто полугодие, министерката за образование и наука, Весна Јаневска им посака успешно совладување на новите предизвици на учениците, наставниците и родителите, посочувајќи дека сите заедно треба да придонесат во градењњто на безбедни училишта во кои владее култура на разбирање и собработка.
Според календарите за работа, наставната година во основните и во средните училишта завршува на 10 јуни, освен за матурантите, за кои редовната настава завршува на 16 мај 2025 година.