Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 а максималната од 27 до 36 степени, а вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Од вторник под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, информира УХМР.
Во следните денови, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Од утре насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35, додека во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.
Можеби ќе ве интересира: