Подлешко Езеро доби 10 соларни улични светилки и две информативни туристички мапи

Општина Градско ја реализира третата и последна фаза од проектот „Подобрување на условите на жителите во руралните средини и развој на руралниот туризам“ како дел од ЛАГ (Локална Акциона Група) ВАРДАР ЛЕАДЕР – Градско од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година од АФПЗРР – поставување на 10 соларни улични светилки со столбови и две информативни туристички мапи на Подлешкото Езеро.

Zito akcija 640x289px

Како што информираат од Општина Градско, со овој проект ќе се заштеди електрична енергија и ќе се придонесе за подобро осветлување на овој рекреативен центар во ноќните часови, а со тоа и можност за поголема туристичка посетеност.

Agria

Со цел модернизирање на туристичкиот комплекс езеро Подлес Општина Градско почна со поставување на 6 бетонски скари покрај постоечките летниковци на Подлешкото Езеро.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22556/umetnichki-dela-od-likovnata-kolonija-negotino-2020-izlozheni-vo-veles/