200 барања за штети од невремето на почетокот на јуни се поднесени во општина Лозово. Земјоделците пријавиле штети на лозја, нивни со јачмен и пченица, како и овоштарници. Иако рокот беше до четвртокот од општината велат барања ќе може да се поднесуваат и денес.
„Засега не можеме да кажеме за колкава површина се работи и кои се штетите. Очекуваме веќе во вторник и среда општинските комисии заедно со вештите лица да почнат со проценка на терен“, велат од општина Лозово.
Содржината продолжува под рекламата
Освен во Лозово последниве две недели дождот и врнежите од град го однесоа родот во повеќе општини. Сега се пресметува штетата. Во централниот и источниот дел од државата најмногу настрадаа лозјата.
Содржината продолжува под рекламата
Штетите од времето сигурно и оваа година ќе се бројат во милиони евра. Но земјоделците ќе мора да почекаат да заврши процедурата што некогаш трае и по две-три години, а на сметка добиваат само 10% од штетата што ја претрпеле. Затоа државата реши земјоделците од догодина задолжително да си го осигуруваат производството. Без тоа ќе нема субвенции.
Од Министерството за земјоделство велат дека преку Државен фонд ќе се исплаќаат штетите, а исплатата ќе биде скалеста. Своите забелешки за десетина дена треба да ги доставаат и осигурителните компании кои ќе ги продаваат полисите.
И покрај државните субвенции сега во Македонија само околу 3000 земјоделци го осигуруваат своето производство. Обично станува збор за поголеми производители, но и тие не се задоволни од начинот на исплата и реагираат на недоречености во полисите.
Можеби ќе ве интересаира: