Подолжува трендот на благо зголемување на бројот на хоспитализирани од ковид-19 во велешката болница

infektivno veles

Трендот на благо зголемување на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница продолжува. Денеска таму се регистрирани 38 болнички згрижени пациенти, што е за еден повеќе од вчера. На инфективното одделение се хоспитализирани 37 пациенти, а на интерното одделение има само еден пациент згрижен поради ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Од вкупниот број, 31 имаат потврдени позитивни тестови, двајца се сомнителни,а петмина имаат негативни тестови, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 16 пациенти. Денеска од болницата се испишани тројца пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.

Agria

Во моментов во Велес има 394 активни случаи на коронавирус. Од почетокот на пандемијата во овој град се регистрирани 2828 случаи, од кои 2340 се излечени, а битката со вирусот ја загубија 94 пациенти.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17493/za-tri-dena-soobrakajnata-policzija-izreche-vkupno-1436-kazni/