Малопродажната цена на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за два денари за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 84,5 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува 84,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 86,5.
Содржината продолжува под рекламата
Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) останува да се продава по цена од 82,5 денари за литар, а цената на мазутот М-1 НС останува 41,81 денари за килограм.
Можеби ќе ве интересира: