Поевтинуваат горивата во Македонија

benzin-gorivo

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 % во однос на одлуката од 19.8.2024 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од 24.8.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95  77,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98   79,50 (денари/литар), Дизел гориво   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  69,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС  46,295 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира: