Поголем број на оздравени од новозаразени од ковид-19 во Велес

veles
veles

20 велешани се регистрирани како новозаразени од ковид-19 во последните 24 часа. Институтот за јавно здравје рефистрира и 25 оздравени велешани. Активниот број на позитивни случаи на коронавирус во Велес е 216.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19 во:

Agria

Скопје – 140, Прилеп – 34, Кавадарци – 33, Куманово – 21, Велес – 20, Охрид – 15, Делчево – 14, Битола – 13, Тетово и Струмица – по 12, Неготино – 11, Штип – 10, Гевгелија – 8, Гостивар и Берово – по 6, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 4, Струга, Кочани и Ресен – по 3, Виница, Демир Капија и Дојран – по 2, Кичево, Дебар, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод, Богданци и Крушево – по 1. 

Регистрирани се 998 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 4 починати лица. Починати се по еден пациент од Куманово (73г), Кавадарци (65г), Пробиштип (87г) и Виница (83г). Три пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.736, бројката на оздравени пациенти е 86.844, на починати е 2.959, а бројот на активни случаи изнесува 5.933. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: