Поголем број на заразени од оздравени велешани со Ковид-19 во изминатото деноноќе

veles so sneg

Десет заразени велешанин со Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, а институтот за јавно здравје рефистрира и седум оздравени велешани.

Zito akcija 640x289px

Состојбата по градови изгледа вака:

Agria

Скопје 78-Прилеп 18-Кавадарци 15-Тетово 12-Охрид и Струмица по 10-Куманово, Велес и Струга по 6-Дојран 3-Гостивар, Гевгелија и Неготино по 2-Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември. Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.

Регистрирани се 206 оздравени пациенти од:

Скопје 146-Куманово 14-Тетово 8-Велес 7-Гостивар 5-Кичево 4-Струмица, Штип и Битола по 3-Виница, Кочани, Кратово и Демир Капија по 2-Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово и Радовиш по 1.

Досега во Македонија се направени вкупно 486.961 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18556/srpskiot-pretsedatel-vuchik-na-premierot-zaev-mu-predade-4-800-vakczini/