Пограничен инцидент во водите на Охридското езеро, известени се и албанските органи

вежба-Охрид-2
вежба-Охрид-2

Полициски службеници од ПС „Охридско езеро“ на 2 август пред полноќ во с.Радожда, Струшко забележале глисер со албански национални ознаки во кој биле две лица кои превезувале предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело, како се движи кон Република Албанија, соопштија од МВР.

Zito akcija 640x289px

„По издадена наредба од полициските службеници за запирање на глисерот, пријавените не ја испочитувале наредбата и со глисерот неколку пати удриле во службениот пловен објект, по што еден од полициските службеници испукал четири предупредувачки куршуми, а лицата се упатиле кон с.Лин,.Албанија“, информираат од МВР.

Agria

За настанот од страна на МВР се известени пограничните органи на Република Албанија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: