Походот во Втората лига Борец го започнува против Башкими на домашен терен

Во „куќата на фудаблот“ денеска беше одржана ждерпката за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига која е закажана за почеток на 17. август.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Екипата на Борец 1919 АД во првото коло ќе се сретне со екипата на Башкими од Куманово. Натпреварот ќе се одигра во Велес на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ со почеток од 17 часот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На останатите натпревари се среќаваат Осогово – Вардар Неготино, Скопје – Вардарски, Кожув – Каменица Саса, Детонит – Новаци, Брегалница – Победа, Македонија ЃП – Охрид и Аресими – Беласица.

Управата на Борец 1919 оваа година пушти во продажба и сезонски билети за сите љубители на фудбалот и чини само 700 денари. Од клубот се надеваат на што помасовна посетеност на натпреварите на домашен терен.

Можеби ќе ве интересира: