Покрената истрага против Хакими за силување

Asraf Hakimi

Против мароканскиот фудбалски репрезентативец од редовите на ПСЖ, Ашраф Хакими, официјално е отворена истрага за силување, соопшти денеска Обвинителството во францускиот град Нант.

Zito akcija 640x289px

Мароканскиот фудбалер беше сослушан вчера, а потоа ставен под судски надзор и против него е поведена официјална истрага. Се товари дека минатата сабота силувал жена во својот дом во париското западно преградие Булоњ – Биланкорт.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Младата, 24-годишна жена, случајот го пријава минатата недела во полициска станица во Вал-де – Марне, каде рече дека била силувана, но тогаш не поднесе тужба.

Според полициски извор, жената изјавила дека го запознала Хакими на социјалната мрежа Инстаграм и оти минатата сабота била гостинка во неговиот дом каде пристигнала со автомобил што го нарачал мароканскиот репрезентативец.

Сопругата на Хакими била во Дубаи за време на спорниот викенд, а веќе поднела документи за развод.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: