Полицијата го фати крадецот на возило на Итната помош во Кочани

policija lisici

Полицијата во Кочани вчера попладне приведе 18-годишник поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итна медицинска помош.

Zito akcija 640x289px

Вработени во полицијата пријавиле дека едно од возилата на Итна помош не е во кругот на болницата, по неколку часа полицијата го пронашла возилото и било вратено на болницата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Приведениот признал дека претходно украл компјутер и автомобил „опел корса“, тие биле пронајдени кај него и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопштија денеска од МВР.

Службата за Итна медицинска помош во болницата во Кочани има уште неколку понови возила што се користат за транспорт на пациенти до Штип и Скопје, а едно од нив во март минатата година беше тешко оштетено во сообраќајна несреќа при судир на патот Кочани – Штип.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34581/18-godishnik-maltretiran-od-trojcza-vrsniczi-vo-sobata-vo-koja-prestojuvale-vo-uchenichki-dom-vo-veles/