Полицијата трага по 14-годишната девојка

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека трага по изчезнатато 14-годишно девојче  К. Р. од скопската населба Илинден.

Zito akcija 640x289px

„На 02.08.2024 околу 23.45 часот И. Т. (33) од н. Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К. Р. (14) се оддалечила од домот. К. Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К. Р. и И. Р. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, ни рекоа од МВР.

Agria

На социјалните мрежи се споделува фотографија од девојчето и апел од нејзината мајка, во која наведува дека девојчето со име Клара е излезена вчера во 18 часот во Илинден, на себе има  црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Висока е 1.65 сантиметри, тешка 56 килограми и има кафен- зелени очи.

„Ако некој ја забележи да пријави во најблиската станица“, апелира мајката.

Можеби ќе ве интересира: