Полицијата влезе во угостителски објект, приведени странски државјани без соодветна документација

policija svetla
policija svetla

Во текот на изминатата вечер (08.09.2022) во периодот од 01.20 до 05.00 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност Оддел за криминалистичка полиција од Скопје, Одделот за специјални полициски операции, како и полициски службеници од Струга и инспектори од Одделот за странци во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во Струга.

Zito akcija 640x289px

При контролата затекнати се две малолетни лица, едно лице е приведено под дејство на алкохол кај кого во патничкото моторно возило пронајден е остар предмет и метален предмет – боксирач за што ќе следува и соодветна пријава. Утврдено е непочитување на законот за забрана за пушење во затворени простории, како и неиздавање фискални сметки.

Agria

Притоа затекнати се странски државјани без соодветна документација за регулиран престој, а шест странски државјанки без работна дозвола кај кои по извршен претрес биле пронајдени поголема сума на пари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: