Полициски службеник и одбојкар на Шкендија повредени во вчерашниот инцидент во Велес

Borec Skendija odbojka incident

Полицијата излезе со официјално соопштение за нередите на вчерашниот одбојкарски натпревар помеѓу Борец и Шкендија во салата „Гемиџии“ во Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 10.04.2023 во СВР Велес било пријавено дека околу 21.10 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, по одигрување на одбојкарскиот натпревар помеѓу екипите на ГОК Борец од Велес и ОК Шкендија од Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир, при што дел од играчите на гостинската екипа и дел од присутните во публиката фрлале едни кон други со разни предмети. Притоа, со повреди се
здобиле еден полициски службеник и еден играч на ОК Шкендија. Се работи на расчистување на слуачјот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, стои во соопштението од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Иначе на вчерашниот натпревар од плеј офот на одбојарското првенство се случи инцидент откако гостинските играчи незадоволни од епилогот на натпреварот фрлија шише кон публиката по што тие возвратија на ист начин.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37696/video-nemili-sczeni-vo-veles-odbojkarite-na-shkendija-sfizichki-se-presmetuvaa-so-publikata/