Полска забранета зона за руски и белоруски спортисти

polska
polska

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави денеска дека на меѓународните спортски манифестации кои ќе ги организира неговата земја ќе им биде забранет настап на руски и белоруски спортисти, дури и под условите кои за нив ги препорача Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за учество под неутрални државни обележја.

Zito akcija 640x289px

„Русите нема да настапуваат во Полска. Нема да има руски спортисти на натпреварувањата организирани во Полска. Ако МОК бара тие да учествуваат, ние нема да се согласиме“, изјави полскиот премиер.

Agria

Шефот на полската Влада додаде дека официјална Варшава нема да спречува полски спортисти да настапуваат на натпреварувања на кои ќе учествуваат Руси и Белоруси, но оти полските власти ќе настојуваат да се поврзат со земји кои имаат влијание да извршат притисок врз МОК.

„Одлуката на МОК за враќање на руски спортисти на меѓународната сцена е скандал и предавство на вистинскиот дух на спортот. Побарав од министерот за спорт Камил Бортнјичук да го пренесе во МОК нашето решително противење. Ќе направиме сè што е во наша моќ спортот да остане слободен од руско влијание“, објави Моравјецки на Твитер.

Против можноста под неутрално знаме на меѓународните натпреварувања да се вратат руските и белоруските спортисти кои не ја поддржуваат активно руската агресија врз Украина се изјасни и соседна Чешка.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: