Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври

market TUS
market TUS

Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На листата на основни прехранбени производи во т.н „есенска кошница“ се вклучени производи кои се најзастапени во потрошувачката кошница на граѓаните. Производите вклучени во есенската кошница на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Трговците на големо и трговците на мало ќе имаат обврска  да  ги прибавуваат и продаваат во месечни количини од најмалку 70 проценти од прибавените количини во август годинава од овие производи на листата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Одлуката е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоци за живот, кои покажуваат дека споредено август 2024 година, со декември 2023 година, евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4 проценти.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: