Најголемиот дел од Штип два дена е без вода. Чешмите се суви во високите делови на градот, индустриските зони и дел од централното градско подрачје. Од штипски Исар велат дефектот е голем бидејќи по санирањето на проблемот на пумпата за озонирање на водата во филтер станицата како последица од притисок екплодирала една од главните водоводни линии, по што истекла и поголема количина вода.
За да се ублажи состојбата во текот на денот на повеќе локации беа поставени цистерни. Исар помош побарал од околните градови и Армијата. Сепак тоа не го намали ревлтот на граѓаните. Велат во време на пандемија и раст на случаите на заболени со корона вирус, не може ни раце да измијат. Голем проблем се и семејствата на домашно лекување и изолација кои не можат сами да се снабдат со вода.
Одговорност за тоа што Штип од седум дена во Ноември дури три е без вода за пиење на прес конференција побараа и од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Од ЈП Исар велат дека штипјани останале без вода само во случаи на сериозни дефекти. Поради непостојан напон прегорел кабел во локалитетот Штипско езеро, во дефект беше пумата за озонирање, а водоснабдувањето беше во прекин и кога се поставуваше мерач на главниот цековод од Злетовица.
Можеби ќе ве интересира: