Поради коронавирусот црногорскиот туризам трпи големи штети

crna-gora-more-265395
Crna gora more

Околу 12 000 туристи престојуваат во Црна Гора до средината на јули, што е пад од 92 проценти во однос на истиот период во 2019 година.

Податоците за толку огромниот пад на туризмот во Црна Гора покажуваат дека падот на приходите од туристичката сезона би можел да биде значително поголем од прогнозата на црногорската влада во Јуни, кога се проценуваше дека приходите од туризам во однос на минатата година, кога Црна Гора заработила 1,1 милијарди евра,ќе паднат за 40 проценти.

Agria

Во време на давањето на таа прогноза, Црна Гора беше земја без ниту еден случај на ковид 19 и не се очекуваше втор бран на пандемијата во текот на летото.

На крајот на минатата недела црногорското Министерство за туризам објави дека скоро половина од хотелите во Црна Гора не се отворени за туристичката сезона,владата исто така потврди дека туристичките аранжмани за почетокот на август се откажани.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: