Поради миграција во нов систем од среда до недела МВР нема да се издава лични документи

severno makedski pasos

МВР информира дека поради миграција во нов систем, од среда (23. 06. 2021 година) започнувајќи од 21 часот, заклучно со 27. 06. 2021 година (недела-до 21 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола).

Zito akcija 640x289px

Поради тоа се известуваат сите оние граѓани кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22. 06. 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот.

Agria

Граѓаните пак кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во РЕДОВНА постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година.

Готовите лични документи граѓаните да ги подигнат до 23. 06. 2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено издавање на истите, додаваат од МВР.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21679/100-milioni-evra-za-makedonskite-firmi-od-bankata-na-eu/