Првообвинетиот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е прогласен за виновен за набавката во случајот „Софтвери“, за што денеска доби затворска казна од 7 години, а за кривичното дело перење пари, му утврди затворска казна од една година и шест месеци, со што вкупно беше осуден на 8 години.
Содржината продолжува под рекламата
„Согласно Кривичниот законик, во изречената затворска казна на првообвинетиот Драги Рашковски му се засметува и времето поминато во куќен притвор, сметано од 16.04.2021, па до укинувањето“, рече судијката.
Содржината продолжува под рекламата
Според обвинението, Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.
Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”, а лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева. Судењето продолжува по паузата.
Можеби ќе ве интересира: