Поранешниот репрезентативец Владо Илиевски стана спортски директор на Цедевита Олимпија

Vlado Ilievski
ФОТО: Владо Илиевски во дресот на македонската репрезентација

Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски се врати во салата „Стожице“ и ќе има улога на спортски директор во екипата на Цедевита Олимпија, потврдија од клубот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Зелено-белите важат за еден од најдобрите тимови во АБА-лигата и во регионот, а за Илиевски оваа средина не е непозната. 43-годишниот струмичанец беше дел од оваа екипа првпат пред повеќе од 20 години и остави голема трага. На позицијата спортски директор тој го менува Сани Беќировиќ кој беше на функцијата од 2019 година.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Среќен сум и задоволен затоа што овој пат, во различна улога, се враќа во клубот кој ми даде многу и кој беше отскочна даска за мојата кариера. Заедно со колегите во клубот, ќе го дадам најдоброто од себе за да изградиме една успешна приказна и да бидеме семејство кое ќе има меѓусбно разбирање и позитивна енергија која ќе се чувствува во тимот. Чест е да се биде спортски директор на најголемиот клуб во Словенија и сакам словенечкиот спорт и навивачите да ја почувствуваат нашата работа, па да ни се приклучат на натпреварите во што е можно поголем број“, изјави некогашниот македонски репрезентативец.

Илиевски кога ќе се погледне историјата, се покажа како едно од најдобрите засилувања на љубљанскиот тим. Потоа се докажа и во клубови како Барселона, Лотоматика, Болоња, Сиена, Тау Керамика и др. Во последните четири сезони, 43-годишниот Илиевски претходно беше директор на тимот на Илирија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38978/video-teodosik-gi-zagubi-nervite-se-stepa-so-navivachi/