По неколкудневното намалување на новозаразени од коронавирус, денес во градот се регистрирани 28 нови позитивни случаи на ковид-19. Оздравени се и 30 велешани, активни случаи се 441.
Во последните 24 часа се направени 2.431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-254, Куманово-32, Дебар-10, Штип-12, Прилеп-30, Тетово-21, Струга-7, Велес-28, Битола-23, Охрид-23, Кавадарци-30, Гостивар-18, Гевгелија-15, Струмица-17, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-3, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-5 и Неготино-9.
Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти. Во болнички услови во последните 24 часа починаа 9 лица, тројца пациенти од Скопје (88,71 и 77), еден од Битола (73), тројца од Струмица (71, 76 и 66), еден од Кичево (86) и еден пациент од Ресен (72), соопшти Министерството за здравство.
Од почетокот на коронакризата, во земјава има 84.709 ковид дијагностицирани, оздравеа 64.104, починаа 2.559, а активни случаи се 18.046.
Можеби ќе ве интересира: