Пораст на оздравени велешани од Ковид-19 во изминатите 24 часа

veles
veles

Во последните 24 часа се регистрирани нови седум позитивни случаи на ковид-19 во Велес. За одбележување е високата бројка на оздравени 41. Бројот на активни случаи е 247.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2.107 тестирања, регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19, а седум пациенти починаа по компликации од ковид-19, вели Министерството за здравство. 

Agria

Во Скопје се регистрирани 161 нов случај, во Кавадарци – 34, Охрид – 23, Тетово и Прилеп – по 15, Струга – 14, Куманово – 12, Гевгелија – 11, Гостивар и Делчево – по 9, Велес и Кочани – по 7, Струмица и Неготино – по 6, Битола, Берово, Кичево и Виница – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Крушево – 3, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Свети Николе, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 638 оздравени пациенти, починати се 7 лица, два пациенти од Скопје (72г и 84г) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73г), Велес (48г), Охрид (65г), Кичево (65г) и Дебар (80г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.882, бројката на оздравени пациенти е 83.424, на починати е 2.900, а бројот на активни случаи изнесува 7.558.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: