По паузата поради ковид протоколите, вчера се одигра петтото коло во третата фудбалска лига Југ. Превалец загуби на гостувањето во Обршани од истоимената екипа со 1:0.
Илинден од Башино село одигра нерешено 2:2 со Младост од Удово, а Локомотива од Градско не го одигра својот напревар со Габер, бидејќи гостите не допатуваа.
Резултати од третата фудбалска лига Југ:
Питу Гули – Ново Црнилиште 0 : 2
Локомотива – Габер 3 : 0 службено
Марена – Напредок Крушеани 0 : 3
Илинден БС – Младост Удово 2 : 2
Вардар Неготино – Дојранско езеро 1 : 2
Обршани – Превалец 1 : 0
Големо Коњари – Динамо 1 : 3
Братство – Младост 1930 6 : 0
На табелата води Напредок Крушеани со максимален учинок. Превалец се наоѓа на делбата на петата позиција заедно со Локомотива од Градско, додека Илинден е 13 со четири освоени бодови.
Можеби ќе ве интересира: