Фудбалерките на Борец на последниот натпревар пред домашна публика оваа сезона го заележа шестиот пораз од екипата на Речица со резултат 2:3.
Стрелци на головите за домашната екипа беа Максимовиќ и Кицара, додека Крстевска, и два пати Митковска стрелаа за гостинскиот тим. Со оваа победа Речица на две кола пред крајот на сезоната речиси го обезбедија пласманот во Првата женска фудбалска лига, додека фудбалерките на Борец остануваат на петата позиција со освоени 36 бода.
Содржината продолжува под рекламата
Битката за шампион продолжува откако и Љуботен и Тиверија победија на гостински терен против Ас Јунајтед со 1:4, односно Истатов со 1:2. Составот на Каменица Саса утре ќе го одигра својот натпревар против Шкендија. На табелата води Љуботен со 49, следува Тиверија со 48 и Каменица Саса со 44 освоени поени.
Можеби ќе ве интересира: