Физичка пресметка се случила веднаш по завршување на фудбалски натпревар во Башино село, откако 40 – годишен велешанец бил нападнат од двајца играчи на тимот Фк Бузалкова соопшти од полицијата
„На 28.10.2024 во 20.48 часот во Полициска станица Велес М.Н.(40) од Велес пријавил дека на 27.10.2024 во с. Башино село, велешко, во близина на спортското игралиште, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Горски“ и ФК „Бузалкова“ бил физички нападнат од М.Е. и С.А., играчи од ФК „Бузалкова“ велат од полицијата.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.