Повеќе од 200 европски кајакари во Велес на Европскиот куп во кајак на диви води – дисциплина спуст

Велес повторно ќе биде домаќин на Европскиот куп во кајак на диви води – дисциплина спуст, кое ќе се одржи на 6-ти април во Градскиот парк. Ова ќе биде во рамките на на второто коло од ова натпреварување.

Zito akcija 640x289px

Ова е еден од најзначајните меѓународни спортски настани во регионот, продолжувајќи ја традицијата на претходните Балкански првенства и Светски купови што се организираа во изминатите две години.

Agria

На овој елитен натпревар ќе учествуваат 200 натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Грција, Турција, Бугарија и домаќинот Македонија. Тие ќе се натпреваруваат во шест дисциплини во две категории – јуниори и сениори. Натпреварите ќе започнат во 9 часот и 30 минути во Градскиот парк.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: