По вчерашниот ден кога немаше регистрирано ниту еден новозаразен велешанец од ковид 19, денес одново високи бројки. Во ковид статистиката регистрирани се 36 нови позитивни случаи на коронавирус во Велес, оздравени се 54, а едно лице на 76 годишна возраст е починато. Бројот на активни случаи во градов е 679.
Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 252, Битола – 80, Куманово – 64, Прилеп – 41, Велес – 36, Струмица – 33, Штип – 28, Тетово – 27, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 26, Кочани – 23, Кичево и Гевгелија – по 13, Струга – 12, Свети Николе и Радовиш – по 10, Крива Паланка и Виница – по 6, Неготино – 5, Валандово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 4, Берово – 3, Ресен, Делчево и Пехчево – по 2, Дебар, Кратово, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 31 починато лице: 8 од Скопје (70г, 71г , 76г, 76г, 78г, 79г, 80г, 80г), 4 починати лица од Битола (58г, 64г, 79г и 84г), 3 од Куманово (48г, 74г и 68г), по 2 лица од Гевгелија (68г и 73г), Кавадарци (69г и 80г) и Кочани (71г и 73г) и по едно лице од Велес (76г), Струга (74г), Гостивар (61г), Дебар (78г), Кичево (66г), Охрид (71г), Прилеп (81г), Струмица (59г), Тетово (61г) и Штип (66г). Од починатите пациенти, едно лице е починато во домашни услови, а останатите 30 лица во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.
Можеби ќе ве интересира: