Повеќе заминале, отколку што пристигнале, по отварањето на аеродромите во земјава

5b446b5848f76b077c370f93

По три и пол месеци, во текот на вчерашниот ден пристигнаа и заминаа првите патници од скопскиот и охридскиот аеродром, следејќи ги новите правила за патување со цел заштита од коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

На првиот работен ден на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 292 патника, а од него полетаа 448, додека на „Апостол Павле“ во Охрид допатуваа 38 а замина 144 патници. Прво слетување направи авионот на Туркиш ерлајнс, кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници, а веднаш по него, слета и авионот на Пегасус ерлајнс, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патника. 

Agria

Први полетаа авионите за Стокхолм, Келн и Бремен, со авиокомпанијата Визер.

Во периодот на прекинот на авиосообвраќајот, кој траеше од 19 март до 30 јуни, беа реализирани 54 хуманитарни летови, од кои 20 за влез во државата и 34 за излез, и беа превезени вкупно 4 531 патник. Од вкупниот број летови, 18 беа за медицински цели.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: