Повратот на ДДВ на фирмите ќе биде по строга контрола и во законскиот рок, соопшти премиерот

UJP Skopje
UJP Skopje

Премиерот Христијан Мицкоски најавува исплата на поврат на ДДВ на фирмите по завршување на контролите кои вели дека се прават за да не се повторат случаи со исплати на фантом фирми.

Zito akcija 640x289px

На новинарско прашање за поплаки од фирми дека не добиле поврат на ДДВ повеќе од 100 дена, Мицкоски рече дека нема проблем со Буџетот и оти исплатите ќе се вршат по строга контрола и во рамки на законскиот рок.

Agria

„Нема проблем со Буџетот. Проблемот со Буџетот е и од претходно, но ние го решаваме и е во многу подобра состојба отколку што го наследивме. Откако ќе бидат сите проверени бидејќи досега на фантом фирми се исплаќани милиони евра поврат ДДВ, а потоа истите фирми се отуѓувани на граѓани во една од околните земји кои не постојат и потоа тие фирми згаснуваат, а парите на граѓаните завршуваат најчесто во кеш и на тој начин буџетот се празнел со десетици милиони евра. Повеќе нема на такви фантом фирми да се исплаќа поврат на ДДВ. Ќе се исплаќаат откако ќе подлежат на строга контрола и во рамки на законскиот рок“, изјави премиерот Мицкоски, истакнувајќи дека сега се прават контролите.

Имаме намера, наведе Мицкоски, да го имплементираме системот е-фактура којшто требаше да се имплементира уште пред 7 години.

Премиерот потврди дека на седница на Владата се одлуките за укинување на лиценците за онлајн казината, посочувајќи дека со тоа ќе се реализира предизборното ветување.

„Денеска на седница на Влада се одлуките за онлајн казината, усогласени со закон. Да, тоа што беше предизборно ветување денеска ќе се реализира, тие лиценци кои се незаконски според нас, а и според начелното правно мислење кое го добивме од ресорот, ќе бидат одземени – рече Мицкоски“, при посетата на општина Ѓорче Петров.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: