50-годишен велешанец е повреден со сообраќајна несреќа вчера, на главната улица во Велес. Инцидентот се случил околу 10:40 часот, кога во велешанецот удрил автомобил, управуван од 66-годишен човек, јави полицијата.
„На 11.05.2021 во 10.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благоја Ѓорев“ во Велес, патничко моторно возило „шевролет спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.П.(66) од Велес удрило во пешакот О.Г.(50) од Велес. Во незгодата О.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес“, соопшти Верозуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Увидна екипа на СВР Велес изврши увид на местото на настанот.
Можеби ќе ве интересира: