Велешанец се здоби со тешки телесни повреди откако беше удрен од автомобил управуван од 28 годишниот Н.Д од Велес. Настанот се случил на улицата „Наум Наумовски-Борче“, во близина на сендичарата Круг.
Содржината продолжува под рекламата
На 04.08.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 11.10 часот на улица ,,Наум Наумовски-Борче” во Велес, патничко возило ,,пасат” со велешки регистарски ознаки управувано од Н.Д.(28) од Велес, удрило во пешакот Ѓ.П. (63) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во болницата во Велес“, велат од полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: