Повредени 13 лица во сообраќајка вечерва

Soobrakajka so migranti 1
Soobrakajka so migranti 1

Уште една сообраќајка во која се повредени мигранти по македонските патишта. Вечерва по 19.00 часот во близина на штипското село Лакавица се судрија две патички возила. Неофицијално, во едно од возилата се превезувало семејство, додека во другото имало десетина мигранти.

Повеќе лица се повредени и со неколку амбулантни возила се пренесени во штипската болница. Засега нема официјална информација каква им е здравствената состојба,  бидејќи се уште се во тек лекарските прегледи.

Agria

Конкретни информации од болницата најавија за утре.  Од полицијата потврдија дека во едното возило се превезувале мигранти, но детали ќе се знаат откако ќе заврши увидот.

Можеби ќе ве интерсира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: