Повторно двајца починаа, но шестмина пациенти помалку на кислород во велешката болница

infektivno veles
infektivno veles

Велешанка на 75-годишна возраст и 77-годишен жител на Градско почиинаа од ковид-19 вчера попладне во велешката болница, откако претходно два дена се лекувале на инфективното одделение. Со нив, бројот на починати велешани од почетокот на пандемијата изнесува 92.

Zito akcija 640x289px

Во исто време, во Велес се регистрирани нови пет случаи со коронавирус и 20 оздравени пациенти. Во велешката болница денеска се лекуваат 34 пациенти со ковид-19. Од нив, 31 имаат потврдени позитивни тестови, а седуммина имаат негативни тестови, но се задржани на болничко лекување. Намален е бројот на пациенти на кислородна поддршка и денеска тој изнесува 10 или шест помалку од вчера. На инфективното одделение се лекуваат 34 пациенти, а на интерното одделение се сместени четворица пациенти поради ковид-19

Agria

Во моментов во Велес има 555 активни случаи со ковид-19 или 18 помалку од вчера. 525 заразени велешани се на домашно лекување. Од почетокот на пандемијата, во Велес 2723 граѓани се заразија со коронавирус, од кои 2076 оздравеа, а 92 пациенти ја загубија битката со вирусот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: