По вчерашниот ден кога имаше мал број на новозаболени, денес одново троцифрена бројка на нови случаи на коронавирус.
Во последните 24 часа се регистрирани 115 нови случаи на ковид 19. Најмногу во Скопје 34, а со двоцифрена бројка се и Куманово со 10, Струга 13, Штип 14, Прилеп 15. Битола и Охрид регистрираат четири нови случаи, три има во Виница и Тетово, по два има во Гостивар, Берово, Пробиштип и Свети Николе, а по еден заразен има во Крива Паланка, Радовиш, Кочани, Крушево, Пехчево и Делчево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти, починат е еден пациент од Гостивар на возраст од 76 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14455, бројката на оздравени пациенти е 11525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2326.
Можеби ќе ве интересира: