Повторно високи бројки на заболени од ковид 19 во Велес

Велес од дрон

Состојбата со коронавирусот не стивнува во градот, денес се регистрирани нови 44 позитивни случаи. Со новите бројки во во велешко активни има 422 случаи.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19.

Agria

На ниво на целата држава состојбата изгледа вака:

Скопје-397, Куманово-22, Дебар-2, Штип-34, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-7, Велес-44, Битола-31, Охрид-21, Кавадарци-26, Гостивар-30, Гевгелија-4, Струмица-37, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Кочани-17, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Виница-6, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-4, Кичево-15, Ресен-5, Неготино-4.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти, починати се 10 лица, четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32436, бројката на оздравени пациенти е 21090, на починати е 1004, а бројот на активни случаи изнесува 10342.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15011/venko-filipche-kapkite-solite-shto-izleguvaat-od-usnata-shuplina-za-vreme-na-zboruvaneto-se-praktichno-kapkite-preku-koi-shto-virusot-se-prenesuva/