Расате бројот на ново дијагностицирани случаи со Ковид-19. Министерството за здравство објави дека во последното деноноќие се регистрирани нови 64 случаи на Ковид-19 во Велес. ж
Исто така од Министерството за здравство информираа дека во последните 24 часа на ниво на целата држава се регистрирани вкупно 1285 нови случаи на ковид-19 и тоа во:
Скопје 522-Куманово 43-Дебар 3-Штип 46-Прилеп 79-Тетово 73-Струга 25-Велес 63-Битола 57-Охрид 40-Кавадарци 46-Гостивар 54-Гевгелија 17-Струмица 36-Крива Паланка 8-Радовиш 13-Крушево 1-Кочани 22-Пробиштип 2-Демир Хисар 5-Македонски Брод 4-Берово 5-Валандово 3-Виница 11-Делчево 11-Кратово 3-Свети Николе 18-Кичево 44-Ресен 4-Неготино 27.
Починати се 14 лица, еден пациент од Скопје (52г), еден од Битола (75г), двајца од Кичево (66 и 71г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Штип (62г), еден од Свети Николе (76г), еден од Радовиш (66г), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82г), еден од Гостивар (78г) и еден пациент од Кавадраци (21г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од:-Скопје 162-Куманово 5-Дебар 1-Штип 2-Охрид 3-Гевгелија 1-Струмица 1-Демир Хисар 1.
Досега во земјата се направени вкупно 268.932 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 38782, бројката на оздравени пациенти е 23011, на починати е 1110, а бројот на активни случаи изнесува 14661.
Инаку 79-годишен велешанец е најновата жртва на ковид-19 во Велес. Тој имал позитивен тест и вчера бил префрлен од интерното на инфективното одделение на велешката болница, каде што и починал. Велешанецот имал и претходни заболувања како висок крвен притисок и дијабетес. Тој е 37 жртва на ковид-19 во Велес од почетокот на пандемијата, но загрижува податокот дека за само 18 дена, починаа 22 велешани.
Можеби ќе ве интересира: