Повторно високи бројки на заразени во Велес, двајца велешани ја загубија битката со вирусот

Bolnica Veles

56 велешани со Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, а институтот за јавно здравје регистрира и 16 оздравени велешани. Бројката на нови заразени пациенти со Ковид-19 во земјава е 1264 лица.

Zito akcija 640x289px

Состојбата по градови од направени 3897 тестирања е следна:

Agria

Скопје – 585, Прилеп – 60, Битола – 59, Штип – 58, Куманово и Велес по – 56, Кавадарци – 42, Струмица – 36, Тетово и Охрид по – 35, Гостивар – 31, Гевгелија – 28, Кочани – 22, Свети Николе – 21, Неготино – 17, Кичево, Берово и Пробиштип по – 13, Ресен – 11, Радовиш – 9, Валандово и Крушево – по 8, Струга – 7, Демир Капија и Пехчево – по 6, Крива Паланка, Делчево, Виница и Богданци – по 5, Македонски Брод – 3, Кратово и Демир Хисар – по 2, Дебар и Македонска Каменица по – 1.

 Регистрирани се 722 оздравени пациенти од:Скопје – 331, Охрид – 59, Кавадарци – 36, Прилеп – 33, Неготино – 25, Битола – 24, Куманово -23, Гостивар и Крива Паланка – по 22, Гевгелија – 20, Струга – 18, Велес – 16, Тетово, Штип, Кочани и Струмица – по 13, Валандово – 7, Кичево, Радовиш, Делчево и Богданци – по 4, Демир Капија и Пробиштип – по 3, Свети Николе, Берово, Ресен и Крушево – по 2, Виница, Демир Хисар, Македонски Брод и Пехчево – по 1. 

Пријавени се вкупно 29 починати лица, на возраст од 38 –86 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, по 3 пациенти од Охрид и Струмица, по 2 пациенти од Куманово, Струга, Велес и Крушево, и по едно починато лице е пријавено од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и Демир Капија. Од пријавените, 28 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Досега во Македонија се направени вкупно 603.679 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543.

Моменталната бројка на активни заразени со Ковид-19 во Велес изнесува 573 лица.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19491/vlasta-i-opoziczijata-konechno-se-dogovorija-najdeno-reshenie-za-deblokada-na-zakonite-od-pettiot-paket/