Православните христијани слават Крстовден

Денешниов празник Крстовден е еден од најголемите празници на православната црква и е поврзан со вчерашниот празник на осветувањето на црквата на Христовото воскресение во Ерусалим.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Имено, во истата таа црква беа сместени остатоците од чесниот крст на кој беше распнат Христос, а кој крст го пронајде мајка му на цар Константин Велики, царицата Елена.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Уште еден настан, освен пронаоѓањето на чесниот крст, е поврзан со овој празник, а тоа е неговото враќање од Персија, каде што беше однесен по персиското освојување и разорување на Ерусалим во седмиот век, што се случи за време на византискиот император Ираклиј (628). А најважното што се слави денес е крстот како симбол на победата над светската суета, симбол на смирениот бунт на внатрешниот човек.

Можеби ќе ве интересира: