Премиера на „Рацин“ вечерва на „Охридско лето“

ФОТО: ДАНЧО СТЕФКОВ

Вечерва во 21.00 часот во Домот на Културата Глигор Прличев во Охрид, во склоп на Охридско лето, во изведба на Велешкиот театар ќе се одигра премиерно театарската претстава „РАЦИН“ во режија на Дејан Пројковски. 

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

,,Претставата Рацин нема за цел да ги прикаже фактите онакви какви што историјата ги пренесла, а културата ги кодирала во себе, целта е тие да се обојат со автентичен рефлектор, да се фрли светлина врз митологизираниот Рацин, да се деконструира, да се демитологизира и да се дадат неколку возможни одговори на прашањето: Што нам денес ни значи Рацин? Претставата е повеќе рефлексија отколку нарација, повеќе фрагмент отколку целина, повеќе антитеза отколку теза – Рацин од денес, тргнат кон секое возможно утре” велат од Охридско лето.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Режисерот Дејан Пројковски истакна дека претставата за него била едно патување како Диоген сред бел ден кога тргнал со свеќа во рака да го бара човекот.

„Ние во оваа претстава тргнавме со свеќата како Диоген денес да ги бараме рефлексиите што се од Рацин во нас. Се обидовме да создадеме една претстава којашто всушност не инспирира од ликот и делото на Рацин, а тоа сето е преведено на еден современ сценски јазик, на нашето време. Претставата не си дава за задача и одговорност да го раскажува животниот пат на Рацин или да раскажува некои историски лавиринти, всушност претставата е наша рефлексија за тоа што претставува денес Рацин. Имавме еден интересен возбудлив процес и многу ми е драго што создавајќи го тој современ јазик во една театарска лабораторија, успеавме да ја пронајдеме емоцијата на Рацин што е автентична, и што некако сите длабоко во нас ја носиме. Зошто Рацин е дел од нашата митологија, ДНК на секој од нас и ми е драго што успеавме да ја пронајдеме неговата емоција со нови изразни средства. Многу се радувам што претставата ја создадовме во Велес, градот каде беше многу логично да се случи Рацин, рече Пројковски.

Во претстава играат Васил Зафирчев, Исидор Јовановски, Кети Борисовска и Весна Димитровска Бобевски, Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Славица Манаскова, Орхидеја Дукова, Кристина Зафирова, Илин Јовановски, Леонида Гулевска, Тодор Стојковски, Бранко Михајлоски, Илина Чонкова.

Можеби ќе ве интересира: