Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од заменик-претседателот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска и утре ќе престојуваат во работна посета на Брисел.
Премиерот Ковачевски, заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе имаат средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
После средбата следува заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО Столтенберг.
Работната посета на Брисел потоа продолжува со низа средби во институциите на ЕУ.
Претседателот на Владата, Ковачевски ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, по што работниот дел од првиот ден од посетата на Брисел ќе заврши со претседателката на Европскиот Парламент Роберта Метсола, на која покрај премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Утре премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, на која ќе присуствуваат и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
На маргините на дводневната работна посета на Брисел претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе оствари и повеќе други средби со претставници на различни институции на ЕУ.
Можеби ќе ве интересира: